Светската куќа на фудбалот (ФИФА) им стави забрана за купување на фудбалери на екипите од Мадрид, Реал и Атлетико, а уште три други тима се под истрага.
Под будното око на ФИФА се екипите на Виљареал, Рајо Ваљекано и Гранада и ако имаат нерегуларности во трансферите и тие ќе се соочат со казна.
ФИФА со цвст став им се спротистави на нелегалните трансфери кои се повеќе земаат замав во светскиот фудбал. Екипите трошат повеќе од заработката што не е во конфронтација со фер плеј правилата на ФИФА.
ФИФА еднаш изрече ваква казна и ја „смрзна“ Барселона година дена на трансфер пазарот, следни се Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, а можеби уште некој.
OhridNews











