Германскиот стручњак Јирген Клоп постигнал усмен договор со тимот на Ливерпул, но пред официјализирањето на договорот поставил услов до управата на „црвените“.


Поранешниот стратег на Борусија Дортмунд побарал комплетна власт над трансферите и трансфер политиката без мешање на управата, која го има последниот збор за доведување на нови фудбалери.

Сегашниот менаџер на Ливерпул, Брендан Роџерс во својата ера на Енфилд има доведено околу 25 нови фудбалери, но резултатите изостанаа и се наоѓа пред разрешување.

Клоп минатата сезона се повлече од клупата на „милионерите“, а најблиску до враќање во фудбалот е во Ливерпул ако тимот секако ги исполни бараните услови.

Мх.П.