Шокатниот пораз од Данска, е зад ракометарите кои мораат да се исправат пред новиот предизвик на ЕП, репрезентацијата на Полска. Шансите за пласман во најдобрите четири за Македонија се сведени на теорија, но “црвено жолти“ заедно со “фалангата“ треба да соберат сила да го вратат, тоа што му избега од раце со Данска.


Полска е во (не)завидна позиција има три бодови, а против нас ќе бркаат победа која “горе долу“ ќе им го отвори патот за 1/2 финалето. Македонија со еден бод е на последното место во групата, со добра игра против полјаците можеме до триумф како оној на СП 2009, во Хрватска зошто да не ги  совладаме и во Србија.


Натпреварот помеѓу Полска – Македонија на програмата е во 16:15 часот. Во останатите мечеви играат : (18:15ч) Данска – Германија, (20:15ч) Србија – Шведска.

Табела : Србија 5, Германија 5, Полска 3, Данска 2, Шведска 2, Македонија 1.


Мх.П.