Едриличарите на ЕК „АМАК СП БОФОР“ неодамна зедоа учество на  Меѓународната регата „СОФИЈА 2007“.

На регатата што се одржа  на езерото Искар во Бугарија се натпреваруваа 27  едриличари од Македонија,Бугарија, Грција и Србија во класата оптимист.

Во исклучително силната конкуренција охридските едриличари забележаа одлични резултати:

Оптимист до 12 години,
Димитар Поп-Стефанија од АМАК СП БОФОР освои 1-во место,   

Оптимист девојки,
 Ивана Фармакоска од АМАК СП БОФОР освои 4-то место

Оптимист до 15 години,
Александар Фармакоски АМАК СП БОФОР освои 4-то место
Добре Трпоски АМАК СП БОФОР освои 6-то место
Димитар Манчев СТРМЕЦ освои 7-мо место

Г.М.