Учениците Цветаноска Маринела и Јосифоски Јован од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ ги освоија вторите места на регионалниот натпревар за „Наноматеријали – материјали на иднината“ оддржан во СОУ „Јосип Броз Тито“ во Битола.
Двајцата ученици во втора година работеа со проф. Виолета Никовска, во областа на истражување за графен, материјал кој е популарен во научните кругови.
Исто така, на напреварот учествуваше и Екатерина Петреска, ученичка во четврта година од охридската гимназија, која со менторот Вера Војнеска работеше на тема нановлакна.
Учениците на регионалниот натрпевар одржан во Битола беа поддржувани и од професорите Јасминка Иваноска и Славица Кичеец.
Инаку, натпреварот беше во организација на Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје, во соработка со Министерството за образование и наука.
OhridNews