Охридскиот таеквондо и кикбокс клуб Хваранг Фист учествуваше на ревијален кикбокс тромеч помеѓу клубови од Тетово, Прилеп и Охрид, кој се  одржа во Брвеница ,Тетово.


Охриѓани се натпреваруваа во четири дисциплини, а извојуваа три победи и еден пораз. Во категорија до 67 кг победи Ангелоски Александар, до 73 кг Јованоски Борче триумфираше со нокаут во првата рунда, додека во категотија до 77 кг победи Спасески Виктор, единствениот пораз на поени го претпре Грозданоски Климент во категорија +91 кг.


Тромечот во Тетово беше последна проверка пред стартот на  подготвкте за Европското Таеквондо Првенство кое ке се одржи во Неапол ,Италија во Октомври.

Ohridnews