Културно уметничкото друштво „ Дримкол “ од Вевчани деновиве престојува во Лондон, каде учествува на Деновите на Македонска култура.Во рамки на манифестацијата, „ Дримкол“ одржа свечен концер во Кралскиот клуб во Лондон и концерт во Националниот музеј во Кардиф.
Во рамки на гостувањето, градоначалникот на општина Вевчани , Цветомир Угриноски и раководителот на КУД „ Дримкол“ беа примени од страна на градоначалникот-мајорот на Кардиф и од страна на европарламентарецот-известувач за Македонија во европскиот парламент Ричард Ховит. Гостите од Вевчани имаа можност да се сретнат и со претставници на црковната организација на Македонците во Лондон.
Членовите на „ Дримкол“ својот престој во Лондон го искористија и да присуствуваат на натпреварот помеѓу Македонија и Велс каде ги бодреа македонските натпреварувачи .
OhridNews