Охридските “надежи“ во едрење по трет пат учествуваа на регатата трофеј на Марчело Компобасо во Наполи, Италија.

На меѓународната регата која се одржува 19-та година, продефилираа 263 едрличари од 27 држави. Натпреварувањето беше поделено во две класи, до 12 години каде се “такмичеа“ 24 едриличари и до 16 години каде бројката достигна до 239 натпреварувачи.

Настап за паметење на регатата во Италија, имаше Игор Каневче кој се пласираше на седмото место што преставува огромен успех за македонското едрење. Во категоријата до 16 години  конкуренцијата беше голема, Новица Велјаноски заврши на 101 место, Дамјан Поп-Стефанија на 173-то и Иво Илинчев на 202 место.

Првото место во јуниорите му припадна на грчкиот преставник Панагитос додека во категоријата до 16 години, на првото позиција се најде унгарскиот едриличар Замбор.

Мх.П.