Велосипедскиот клуб Екодром од Охрид изминатиов
викенд настапуваше во Истанмбул, Турција во категоријата планински
велосипедизам во последната 13-та рунда од серијата на Salcano Balkan
Cup.

На почетокот од трката се
појавија 144 велосипедисти во пет категории од 16 земји Белгија,
Швајцарија, Словенија, Унгарија, Романија, Србија, Босна и Херцеговина,
Црна Гора, Македонија, Бугарија, Грција, Кипар, Турција, Грузија и Иран.
Клубот Екодром беше единствен преставник од Македонија кој со четири
велосипедисти учествуваше на трката. Во категоријата кадети настапуваа
Јован Јованоски и Петар Упевчески додека во млади кадети настапуваа
Теодора Алексиоска и Новица Велјаноски.

Трката беше во
должина од 3,2 километри, имаше динамика на кратки надолнини и угорнини
со нагли промени на правецот на движење низ борва шума по песоклива
подлога, несекојдневна за повеќето натпреварувачи. Единствено што
недостасуваше на оваа патека според категоризацијата за планински
велосипедизам е поголема висинска разлика на теренот.

Делницата
на патеката Јованоски ја помина како третопласиран додека Упевчески
заврши на 12-та позиција од 23 велосипедисте во неговата категорија.
Велјаноски финишираше шести од 11 натпреварувачи, а Алексиоска поради
недостаток на натпеваручи им се приклучи во постарите категории.

Охриѓани реагираа на неправилности за време на трката.

Клубот
од Охрид реагирал на неправилностите за време на трката која прво била
скратена па продолжена, а за тоа не биле известени. Други замерки
охридските велосипедисти имаа за преголемата посетеност и неможноста да
се натпреваруваат во нормални услови. Исто така се жалеа на
организацијата, на дочекот кој не доликувал за едно Балканско
првенство.

Мх.П.