Викендов на водите на Охридското Езеро во Струга во организација на Едриличарскиот клуб Снегар и ЕФМ се одржа второто државно првенство во класата Ласер радиал и кретериумска регата во класата Оптимист.


На регата учествуваа 20 едриличари на возвраст од 12 до 19 години од екипите ЕК Пират (Охрид), ЕК Бофор (Охрид) и домаќинот ЕК Снегар од Струга.


На критериумската регата доминираа едриличарите од „Бофор“ кои ги освоија трите места на пиедесталот. Првопласиран беше Илче Грунче, втор заврши Игор Каневче, а трет Иво Илинчев.

Со титулта државен првак во класата Ласер радиал се закити стружанецот Ердал Лушо, второпласиран е Димитар Поп Стефанија додека трето место му припадна Агим Фејзулоски.


Во женска категорија во класата Оптимист прва пристигна на целта Емилија Јовческа, втора Александра Милошоска а трета беше Александра Златеска, сите од ЕК Снегар Струга.

Ohridnews