Охридските Таеквон До клубови Мастер и Хваранг ИТФ имаа забележителен настап на меѓународниот куп во Србија, каде освоија еден сребрен и две бронзени медали. 

– На турнирот во Србија имаше силна конкуренција и тоа со натпреварувачи кои настапија од повеке земји од Европа како Австрија, Словенија, Хрватска, Босна, Р.Српска, Бугарија, Русија како и домаќинот Србија. Нашите два Таеквон-до клуба се покажаа рамноправни со останатите учесници кои се далеку посилни и помоќни во овој спорт – велат од охридските клубови.

Тренерите Саша Поповски и Марјанчо Лазарески со своите натпреваруваци Александар Јовановски, Јовче Џајкоски, Александар Ѓорески и Зоран Донев достојно ја презентираја нашата земја, Р.Македонија и нашиот град Охрид. 
ohridnews