Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид имаше успешно учество на меѓународниот теквонодо ИТФ турнир „Србија Опен 2016“ кој се одржа на 27 февруари во Бачка Топола.


На турнирот учествуваа над 250 натпреварувачи од 27 клубови од 8 земји. Охридскиот клуб настапи со 9 теквондисти под палка на Марјанчо Лазаревски црн појас IV дан и Зоран Донев црн појас I дан и освоија три златни, шест бронзени и една сребрена медали.

Пласман :

Елена Јанеска 1 место спаринг деца-жени -40 кг

Миле Климоски 1 место форми сениори 5-6 куп

Александар Јованоски 1 место форми сениори 3-4 куп, 2 место спаринг сениори -64 кг

Давид Крстески 3 место спаринг деца до 10 год -30 кг

Марио Крстески3 место спаринг деца до 14 год -30 кг

Давид Велкоски 3 место форми деца до 14 год , 5-6 куп

Божидар Димитриевиќ 3 место спаринг деца до 14 год + 60 кг

Хриситјан Митрески 3 место спаринг деца до 14 год + 60 кг

Јане Димов 3 место спаринг јуниори до 18 год + 75 кг

OhridNews