Викендов веслачите од Горица Ремо од Охрид учествуваа на традиционалната трка во ергометри (веслачки машини), Struga Open Ergo 2025.

Во претстојниот зимски период овој натпревар беше прв сериозен тест кој демонстрираше исклучителна физичка подготвеност и резултираше со голем успех за клубот, кој се врати дома со пет медали:

  • Александра Маленкоска, златен медал во сениорки
  • Изабела Димоска, сребрен медал во сениорки
  • Кирил Лучески, сребрен медал во сениори
  • Марија Божиноски, сребрен медал во категорија пионерки до 13 години
  • Ана Ничевска, бронзен медал во категорија пионерки до 15 години.

Андреј Крстески, имаше успешен настап во квалификациите, иако не освои медал, сепак покажа извондредна физичка подготовка, и добар показател за Државното првенство следниот месец.

Овој натпревар, кој бара максимална сила, техника и издржливост на ергометрите за веслање, ја потврди посветеноста на охридските веслачи и дава импут за следиот предизвик во декември кога ќе се оддржи Државното првенство во ергометри, со што ќе биде заокружена успешната година за Веслачкиот клуб Горица Ремо, посочуваат од клубот.

OhridNews