Теквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“ Лескоец-Охрид имаше успешен настап на Меѓународниот турнир „Србија Опен 2018“ во Суботица освојувајќи вкупно 21 медали во сите конкуренции.

На турнирот во Суботица учествуваа 34 клубови од 14 земји, а помеѓу натпреварувачите имаше неколку светски и актуелни европски шампион што го направија турнирот есктра квалитетен.

Охридскиот клуб во Србија настапи со 17 натпреварувачи, од кои 3 беа дебитанти. Првиот турнир во новата сезона охридскиот клуб го искористи за тестирање на Филип Јосифоски кој ќе преставува нашата земја на Европското првенство во Талин, Естонија. Јосифоски се престави во одлично светло освојувајќи го второто место во дисциплината борби. Во дисциплината Про Теквондо исто се престави во добро светло, а загуби од Реми Шау кој е актуелен светски шампион.

Освојувачи на медали:

Филип Јосифоски – 2 место-сребро борби -64 кг сениори, 3 место-бронза форми црн појас II дан.

Миле Климоски – 1 место-злато форми црвен појас сениори.

Јане Димов – 1 место-злато форми зелен појас јуниори 16-17 години, 3 место-бронза борби +75 кг јуниори 16-17 години.

Антонио Јанески – 1 место- злато форми зелен појас јуниори 14-15 години.

Божидар Димитриевиќ, 3 место-бронза борби +70 кг јуниори 14-15 години, 3 место -бронза форми плав појас јуниори 14-15 години.

Анастасија Велјаноска, 3 место- бронза борби -60 кг јуниорки 14-15 години, 2 место-сребро форми жолт појас јуниорки 14-15 години.

Ангела Велјаноска, 3 место- бронза борби -55 кг јуниорки 14-15 години, 3 место-бронза форми жолт појас јуниорки 14-15 години.

Христијан Митрески, 2 место -сребро формиплав појас јуниори 14-15 години, 3 место-бронза борби +70 кг јуниори 14-15 години.

Елена Јанеска, 1 место-злато борби +40 кг девојчиња 10-11 години, 3 место-бронза жолт појас девојчиња 10-11 години.

Давид Велковски, 3 место-бронза борби -60 кг. Јуниори 14-15 години

Филип Трифуноски 3 место борби -55 кг кадети 12-13 години.

Стефан Каланоски 3 место-бронза форми зелен појас јуниори 14-15 години.

Давид Крстески 2 место-сребро борби, -35 кг. деца 10-11години, 3 место –бронза форми плав појас деца 10-11години.

OhridNews