Големиот подвиг на искусниот планинарски водич и љубител на планините и природата Петар Нолев од Битола полека се приведе кон крајот. Тој заедно со својата мала експедиција во која учествуваа францускиот дипломат и писател Емануел Рембер и новинарот и историчар Емануел Ешт со мазга и со коњ од Француските гробишта во Битола тргнаа долж линијата на некогашниот Македонски фронт (1915-1918).

 

Прекрасните фотографии сведочат за дванаесет дена патување претежно низ високи планински предели со надморска височина над 2000 метри и поминати 240 километри пеш од Битола до Солун.

 

Патниците 12 денови спиеја на терен во вреќи и шатори, а за да ја доловат автентичната атмосфера, се хранеа како пред сто години, со традиционално подготвена храна.

Лошиот и недостапен терен ги придружуваше постојано, а на три пати патувањето беше проследено со страшно невреме, бура, дожд и грмотевици…

OhridNews