Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Рафа Надал имаа успешен старт на турнирот Акапулко кој се одржува во Мексико совладувајќи ги Мартин Клижан односно Миша Ѕверев.


Ѓоковиќ словачкиот тенисер го реши во два сетови (6-3, 7-4) за час и половина, додека Надал за еден час и 18 минути во два сетови (6-4, 6-3) го среди Германецот.

Следен противник на Ѓоковиќ во Мексико е Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро, а Надал силите во 1/8 финалето ќе ги одмери со италијанскиот тенисер Паоло Лоренци.

Во останатите осминафинални двојки ќе се сретнат Нишикори – Томсон, Чориќ – Чилиќ, Џонсон – Ескобедо, Тим – Манарино и победниците од преостанатите дуели меѓу Киреј – Гофин односно Јанг – Киргијос.

 

OhridNews