Последните податоци на УЈП покажуваат дека новата обврска за поднесување на електронски ДДВ пријави, која стапи на сила од 1 јануари 2013 година, месечните ДДВ обврзници навреме и успешно ја завршиле, со мал процент на исклучоци.

Од вкупно 4584 фирми кои имаа обврска до 23.59 часот на 25 јануари да достават ДДВ пријава по електронски пат преку системот е-Даноци (https://etax-fl.ujp.gov.mk/) на УЈП, 124 месечни ДДВ обврзници не презеле никакви чекори и не се усогласиле со новиот начин на електронска комуникација со УЈП, односно воопшто не се регистрирале за користење на е-даночните услуги со дигитален сертификат на USB токен, информираат од УЈП.

OhridNews