Викендов, на платото на дворецот на кралот Никола, во Бар- Црна Гора, пред бројна публика, се одржа поетска вечер на поетот Славе Ѓорѓо Димоски.


Неговото творештво го преставија медијаторите Братислав Ташковски, од Македонија и Мила Чордашевиќ, од Црна Гора.Средбата беше контактна и поетот одговараше на прашања кои се однесуваа на неговото творештво, на македонската поезија која се создава во овој миг, но интересот најмногу беше свртен кон годинашното јубилејно издание на Струшките вечери на поезијата, кој кај публиката предизвика и  најголем интерес.


Манифестацијата “Барски летопис” е мултимедијална и трае од 15 јули до 20 август.

OhridNews