Убавиот изглед на жените им е и тоа како битен, посебно кога станува збор за средена коса. А да се задоволи вкусот на жената сигурно не е воопшто лесно. Повеќе од пет години сопственичката на фризерското студио „Skill“, Ангела Танкоска со својот тим ја остварува секој една желба на своите клиентки, испраќајќи ги задоволни и пречекувајќи ги повторно во некоја следна прилика.

Инспирација за да почнам да се бавам со оваа професија ми беа секогаш средени, убави и задоволни жени. Затоа одлучив да си ја пробам среќата и да го искористам талентот и се пронајдов уште на почетоците. Веќе шест и пол години работам од кои пет со сопствен бизнис, вели Танкоска.

Најголема љубов во фирзерскиот занает, потенцира, и се нијансирањата. Ги изработува сите начини на нијансирање, со квалитетни материјали, омбре, балајаж, шатирање…

Во тој поглед верувам дека многу жени ме препознаваат. Работам и надградба на коси на три начини со кератин, „tape in“ лепенки и со шиење. По избор на клинетката и нијанска каква таа би сакала. Воедно го применувам и најновиот метод на природна база на кератинско исправување на коса кој е многу актуелен периодов. Во светот имаме постојано некои нови модни трендови и во секој поглед гледам максимално да се вложам и да ги следам дали онлајн или со лично присуство. Се усовршувам бидејќи оваа работа до бесконечност може да се учи и да се напредува, додава нашата соговорничка.

На младите им го препорачува својот занает,  посочувајќи дека за успех најважна е желбата, како и талентот и, се рабира, многу труд и посветеност. Истакнува дека за време на коронакризата имале поддршка како занаетчии од институциите, а во секое време имаат поддршка од Регионалната занаетчиска комора во Охрид.

Фризерското студио „Skill“ успешна охридска приказна

Секој што е посветен и ја сака својата работа ќе напредува. Може да се живее од овој занает. Имам две помошнички, кои се многу трудољубиви и сакаат да учат, се трудам да ги насочам и несебично гледам да им го пренесам сето мое знаење. Од друга страна верувам дека младите сакаат да имаат сопствен бизнис, да си работат за себе, да се успешни и таа е помислата која води напред, истакнува Ангела.

Во однос на клиентите, вели, има како од Охрид, така и од соседните градови, а секој нормално пред да дојде, сака да знае каква услуга може да добие, за што со оглед на времето во кое живееме, социјалните мрежи имаат голема улога.

За релативно краток период преку фан страните на фризерскот студио „Skill“ на Инстаграм и Фејсбук дознаа многу луѓе за мојата работа. На истите ги објавувам сите новитети. На инстаграм страната имаме преку илјада постови, трансформации од нијансирања, наградби, кератинско исправување, до шишање и се останато. Секоја заинтересирана клиентка може да погледне какви трансформации се постигнуваат, додава Ангела.

Фризерското студио „Skill“ им е достапно на клиентките во периодот од 11 до 19 часот секој работен ден, додека во недела работат само фризури за свечености.

Сите кои имаат било какви прашања може да дојдат во салонот, да се консултираат, имаат бесплатна консултација по која одлучуваме која трансформација е најдобра, кој стил, за најдобро да се пронајдете себеси и најдобро да изгледаaт. Се надевам дека во иднина ќе имам и поголем салон каде ќе нудам и дополнителни услуги, вели Танкоска.

Н.С.Ј.

фото. Бобан Стојаноски/ студио„Skill“