Со нов модерен штанд кој ги истакнува главните туристички капацитети и убавини, Македонија оствари успешна  промоција на туристичкиот саем „EMITT“ кој од 22-ри до 25-ти јануари се одржуваше во Истанбул, Турција.

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот велат дека туристичкото промовирање е уште една одлична можност за продолжување на традиционалните, историски и културни врски помеѓу овие две земји.

-Турските туристи веќе неколку години се број еден посетители во Македонија. Годишно нашата земја е посетена од 70000 турски туристи со повеќе од 100000 оставрени ноќевања. Овој број очекуваме да расте во наредните години, со оглед на големата заинтересираност и на домашните туристички агенции за нашиот штанд и квалитетната понуда што ја презентираме на саемите за туризам во Турција, изјави директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Кристијан Џамбазовски.

Економскиот промотор на Македонија во Турција Филиз Вели истакна дека е задоволен од средбата што била остварена со претставниците на асоцијацијата на туристички агенции од Турција- ТУРСАБ.

На оваа средба е договорена посета на Македонија од нивниот менаџмент, тур оператори и новинари во првата половина на 2015 година. ТУРСАБ е основана 1972 година и е една од највлијателните институции во креирање и споведување на политтиките за туризам во Република Турција. Целта на посетата ќе биде запознавање со туристичките потенцијали на Македонија особено во делот на културниот туризам. Покрај информативниот дел ќе бидат презентирани и бизнис можностите преку средбите со локалните трустички агенции од Македонија, појани Вели.

Саемот за туризам „EMITT“ е место на кое се презентираа повеќе од 4.500 ученици од 71 земја, 63.230 туристички професионалци, а за четири дена го посетија повеќе од 130.000 посетители.

OhridNews