Селекциите на Англија и Португалија имаа успешни генералки победувајќи ги Коста Рика 2-0 односно Алжир 3-0 пред заминувањето во Русија каде ќе се одржи Светското првенство во фудбал.
„Гордиот аблион“ со триумфот над Коста Рика ја продолжи позитивната низа и најави подготвеност за престојниот Мундијал. Резултатот Иланд Роуд го отвори Маркус Рашфорд, а победата ја потврди Дени Велбек.
Европските бразилци кои на СП ќе патуваат како шампиони на Европа лесно и убедливо славеа над Алжир. Од 17-та до 55-та минута португалците постигнаа три погодоци и дојдоа до победата.
Англија на СП во групата силите ќе ги одмери со Белгија, Панама и Тунис, додека Португалија ќе се сретне со Шпанија, Мароко и Иран.
OhridNews