На годинешниот Регионален натпревар по физика, во категоријата -ученици од прва година во која се натпреваруваа 21 учесник од регионот, ученичките Сара Трајкоска и Аспасија Цветкоска од прва година во ОСУ „Св. Климент Охридски“, под менторство на професорката Марија Сиљаноска, постигнаа извонредни резултати.
Ученичката Сара Трајкоска беше второпласирана на ранг-листата на учесници на овој натпревар и доби пофалница според освоените бодови, а ученичката Аспасија Цветкоска беше четвртопласирана.
Со тоа, двете ученички се стекнаа со право на учество на претстојниот Републички натпревар по физика за средните училишта што ќе се одржи на 11- ти мај во Скопје.











