Со звуците на најпознатите изворни народни песни, вчеравечер, во охридскиот Центар за култура, започна првото издание на Детскиот фестивал „Фолклорна бајка“. Познатите рефрени ги испеаја деца на возраст до 16 години кои за успешната изведба беа наградени со силен аплауз од страна на пубиката, а добија и благодарници за учество на фестивалот.
Целта на организаторите е овој фестивал да помогне за зачувување на старата изворна песна и пренесување на народниот мелос на младата популација.
Средствата собрани од влезниците за фестивалот се наменети за помош на петчленото семејство на Благојче Ставрески од Лескоец со три малолетни деца кои живеат во субстандардни услови.
OhridNews

















