Изминатиов викенд во близина на Куратица се одржа првото издание на „ Starfire“ фестивалот. Организаторите задоволни од посетеноста, со оглед на тоа дека станува збор за прв фестивал од ваков карактер во нашата земја, кој се оддржа во планински предел на 1400 метри надморска височина.


Во рамки на првата фестивалска вечер настапија домашни диџеи, а на втората  DJ Nasty deluxe и DJ NYC, кои приредија забава која траеше до раните утрински часови, на која можеа да се чујат познати хитови за сечиј вкус.

Со оглед на успешното оддржување на првиот „Starfire“,  организаторите најавуваат негово оддржување и наредната година, со надеж дека ќе привлече внимание на се поголем број посетители како што е случај и со карневалот во Куратица во зимскиот период.

OhridNews