Во периодот од 16-ти до 19-ти мај, во организација на МАИВП во објектот на Црвениот крст на Охрид во Велестово, се оддржа семинар за водичи во планина.

Работата на семинарот се изведуваше во согласност со најавената програма, а инструкторскиот тим задолжен за реализација на семинарот, констатираа дека целосно се изработени сите содржини предвидени со програмата.

Како што информираат од МАИВП, најголем интерес побудиле темите од областа на картографијата и безбедноста на планина, кои и во наредниот период ќе бидат повеќе или помалку застапени на семинарите организирани од МАИВП.

За разлика од претходните семинари, на овој помалубројни беа водичите во планина или кандидатите кои се во процес на обука, меѓутоа радува фактот дека на истиот присуствуваа повеќе планинари и рекреативци кои покажаа огромен интерес за работните содржини, како и интерес за професијата водич во планина.“ – велат од МАИВП.

Заеднички заклучок е дека вакви семинари треба да се одржуваат почесто, бидејќи претставуваат одлична можност за едукација не само на водичите во планина, туку и за сите останати кои имаат афинитет за движење и престој во планина.

Наредниот семинар ќе се одржи на 22-ри и 23-ти јуни во Велестово, а една од главните работни содржини ќе биде водењето туристи со планински велосипеди.

OhridNews
фото: „Миле Илоски“