Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ успешно го реализираше третиот Спортски едукативен камп, кој и оваа година имаше меѓународен карактер. Учесниците од српскиот град Златибор и македонските градови Охрид, Ресен и Скопје во Хотел Десарет поминаа незаборавни моменти,  исполнати со многу дружење, забава и разни игри од сите спортови. 

Во првиот ден „камперите“ после сместувањето и меѓусебното запознавање имаа можност да едрат и веслаат со преставниците од Акватиката центар. Вториот ден им беше исполнат со аплинизам, игри во базенот во склоп не Х. Десарет и откривање на стрелаштвото со олимпијката Нина Балабан.

Третиот ден учесниците на третиот камп го посетија Заливот на коските во Градиште и манастарскиот комплекс во Св. Наум. Потоа, играа фудбал и одблиску гледаа како се подготвува охридскиот бисер. Презентер беше Мишо Филев. Во четвриот ден „камперите“ го разубавија Охрид, а од спортовите на менито имаа нуркање со Јован Секулоски од клубот Амфора.

Петтиот ден учесниците имаа тура на Галичица односно искачување на врвот Лако Сигној, а после се рекреираа со моделарство. Шестиот ден на програмата имаа кошарка и фудбал и учење на техниките од карате и аикидо со Ѓоко Томоски.

  • Најпрво да им се заблагодарам на родители за довербата и на учесниците за придржување на наредбите односно распоредот кој го имаме направено. Другарувањата, новите пријателства, новите предизвци и искуства, соработката и забавата се` само дел од она што ние како организатори го постигнавме или сакаме да го постигниме. Охрид заслужува повеќе вакви манифестации, бидејќи на едно место има се што му е потребно. Убавите впечатоци на дечињата, дополнително не мотивираат да направиме уште подобар камп следната година. Се гледаме ! – изјави Иван Цветкоски, првиот човек на Асоцијацијата.

Првиот камп се одржа во 2016 година, а од година се повеќе расте бројот на пријавени и заинтересирани.