Околу 100-тина учесници земаа учество на турнирот во гаѓање со кусо и долго огнено оружје „Охрид Опен 2026“ што за првпат оваа година беше во организација на стрелачкиот клуб „Охрид“ од Охрид под покровителство на Општина Охрид. Натпреварувачите учествуваа во две дисциплини, гаѓање со кусо и долго огнено оружје на 25 и 80 м.

Во дисциплината пиштол мажи на 25м, првото место му припадна на Мартин Гелевски од СК „Стрелец“, вицешампионската позиција за Томе Несторовски исто така од СК „Стрелец“ додека на третата позиција се пласира Драган Прокоповски од единицата „Тигар’’. За само еден круг помалку од второ и третопласираниот, Кирил Миленкоски од СК „Охрид“ не успеа да влезе во битката за медал.

Кај жените на пиштол најуспешна беше Валентина Гоџоска од ЖСК Лихнидос, на втората позиција се пласира Сара Димоска од СК „Стрелц“ додека на третата позиција Душанка Наумоска од ЖСК „Лихнидос“

Во екипен пласман мажи прво место за единицата „Тигар“ во состав Драган Прокоповски, Симон Паковски и Христијан Крстаноски. Второ место за екипата на СК „Стрелец“-1 во состав Сашко Лазаревски, Сашо Дамовски и Бобан Тучев. На третата позиција се пласира екипата на СК „Стрелец“ во состав Мартин Гелевски, Драгослав Кудрановиќ и Борис Блажевски. Кај жените на пиштол немаше прогласување во екипен пласман бидејќи беше пријавена само една екипа.

Во дисциплината карабин на 80 м, со механички нишани-статичка мета прво место за неприкосновениот Драган Прокоповски кој во оваа дисциплина настапи за мешаната екипа СКОПЈЕ-ОХРИД, на вицешампионската позиција се пласира Димче Молкоски од ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЛОВЦИ од Охрид, додека на третата позиција се пласира Драгослав Кудрановиќ, истотака во мешаната екипа Скопје-Охрид.

Во екипен пласман, прво место за екипата на СКОПЈЕ-ОХРИД во состав Драган Прокоповски, Драгослав Кудрановиќ и Велибор Балоски; втората позиција за екипата од Здружението на ловци од Охрид во состав Димче Молкоски, Милован Новичиќ и Даниел Новичиќ. На третета позиција се пласира екипата на СК „Стратилат“ во состав Станоја Станојоски, Александар Алексовски и Петар Николовски.

Овoј настан покажува дека интересот за спортското стрелаштво е се поголем и доказ дека вистинските љубители на оружјето имаат желба да се натпреваруваат во спортски дух и беспрекорна дисциплина, велат од стрелачкиот клуб „Охрид“.

OhridNews