Околу 100-тина учесници земаа учество на турнирот во гаѓање со кусо и долго огнено оружје „Охрид Опен 2026“ што за првпат оваа година беше во организација на стрелачкиот клуб „Охрид“ од Охрид под покровителство на Општина Охрид. Натпреварувачите учествуваа во две дисциплини, гаѓање со кусо и долго огнено оружје на 25 и 80 м.

Кај жените на пиштол најуспешна беше Валентина Гоџоска од ЖСК Лихнидос, на втората позиција се пласира Сара Димоска од СК „Стрелц“ додека на третата позиција Душанка Наумоска од ЖСК „Лихнидос“
Во екипен пласман мажи прво место за единицата „Тигар“ во состав Драган Прокоповски, Симон Паковски и Христијан Крстаноски. Второ место за екипата на СК „Стрелец“-1 во состав Сашко Лазаревски, Сашо Дамовски и Бобан Тучев. На третата позиција се пласира екипата на СК „Стрелец“ во состав Мартин Гелевски, Драгослав Кудрановиќ и Борис Блажевски. Кај жените на пиштол немаше прогласување во екипен пласман бидејќи беше пријавена само една екипа.
Во дисциплината карабин на 80 м, со механички нишани-статичка мета прво место за неприкосновениот Драган Прокоповски кој во оваа дисциплина настапи за мешаната екипа СКОПЈЕ-ОХРИД, на вицешампионската позиција се пласира Димче Молкоски од ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЛОВЦИ од Охрид, додека на третата позиција се пласира Драгослав Кудрановиќ, истотака во мешаната екипа Скопје-Охрид.

Овoј настан покажува дека интересот за спортското стрелаштво е се поголем и доказ дека вистинските љубители на оружјето имаат желба да се натпреваруваат во спортски дух и беспрекорна дисциплина, велат од стрелачкиот клуб „Охрид“.
OhridNews












