Како продолжение на активностите за развој на локалната економија и зајакнување на родовата еднаквост, Општина Охрид успешно ја реализираше Обуката за менторство за почетници во бизнис и постојни претпријатија управувани од жени.

Обуката е втора фаза од спроведувањето на поддршката за жени-претприемачи. Во оваа фаза учествуваа жените кои претходно добија сертификати на Обуката за претприемништво и стекнаа предуслови да продолжат со дополнителен професионален развој, велат од Општина Охрид.

Посочуваат дека преку стручни менторски сесии, учесничките ги унапредија своите деловни вештини во сферата на бизнис планирање, финансиска одржливост и креативна работа.

По успешното завршување на програмата, на учесничките им беа доделени сертификати за учество во менторската обука, како потврда за нивниот професионален напредок и подготвеност за самостојна работа. Целта на оваа обука е зајакнување на жените во бизнис-секторот, зголемување на нивната конкурентност и овозможување полесен пристап до пазарот, додаваат,

Обуката беше реализирана како дел од Програмата за локален економски развој на Општина Охрид.

OhridNews