Претставници од јавниот сектор, академски и истражувачки институции, претставници на бизниси, туристички организации и други релевантни чинители од целиот регион беа дел од Локалната мобилизациска работилница и Форумот за Западен Балкан, кои во текот на изминатите два дена се одржуваа во Охрид.

Првиот ден беше посветен на анализа на локалните потреби, предизвици и можности на Охрид. Учесниците активно учествуваа во дискусии и ко-креативни сесии, придонесувајќи за дефинирање на соодветен пристап за градот.

Панелистите ги истакнаа клучните предизвици, но и потенцијалот за заеднички иницијативи и одржлив развој. Настанот заврши со силна поддршка од учесниците, кои ја истакнаа важноста од континуирана соработка и стратешко планирање за создавање поотпорни и поконкурентни туристички дестинации, велат од Општина Охрид.

OhridNews











