Во рамките на процесот за номинација на Прекуграничниот биосферен резерват „Охридско-Преспанско сливно подрачје“, во периодот од 17 до 20 јули 2013 година, успешно беше реализирано студиското патување на територијата на идниот Прекуграничен биосферен резерват.
На студиското патување учествуваа новинари од националните и локалните медиуми од Албанија и Македонија, стручни лица од областа на заштита на природата и засегнатите субјекти кои имаат јасен интерес на територијата на ПБР Охридско-Преспанско сливно подрачје.
Главната цел на студиското патување беше да се овозможи запознавање на целните групи на учесници со главните карактеристики на територијата на идниот Прекуграничен биосферен резерват (ПБР) “Охридско-преспанско сливно подрачје“.
За исполнување на оваа цел, студиското патување беше организирано како четиридневна теренска екскурзија низ најголемите заштитени подрачја, кои се дел од предложениот ПБР, и тоа Национален парк Галичица, Национален парк Пелистер, Национален парк Преспа, Албанија и
Заштитен предел Поградец, Албанија.
За време на патувањето, посебно внимание беше посветено на заштитените подрачја кои ги опфаќаат јадрените и тампон зоните на предложениот ПБР. Активностите, презентациите, дискусиите и разгледувањата беа фокусирани на управувањето со заштитените подрачја, а особено на политиките на заштита на природата, управување со посетители, стратегии за екотуризам, вклучување на локалните заедници и програмите за едукацијата за животната средина.
Бидејќи сите овие аспекти се разгледувани во контекстот на прекуграничната соработка, втората цел на студиското патување беше, зајакнување на постојната соработка помеѓу чинителите од областа на заштитата на природата и промоција на концептот на ПБР и
поврзаните проекти.
Сите идеи и информации кои беа презентирани и предложени од страна на учесниците во текот на активностите, ќе бидат земени во предвид при изработката на образецот за номинација за Прекуграничниот биосферен резерват “Охридско-преспанско сливно подрачје“.
По одржаното студиско патување, работната група имаше состанок во Охрид, со цел да се испланира напредокот во комплетирањето на вториот дел од образецот за номинација. Беа утврдени насоките и крајните рокови на процесот, со цел образецот за номинација да биде навремено поднесен, како што предходно беше планирано (до 30 септември, 2013 година) од страна на Национални Комисии за UNESCO на двете држави.
OhridNews