На иницијатива на ЕД Грашница и жители на село Орман и населба Чекоштина, во соработка со надлежни институции и организации СВР Охрид, комуналната инспекција, Охридски Комуналец, Туристичката асоцијација Билјана, отстранети се и транспортирани на депонијата Буково повеќе вреќи со остатоци од животни (јагниња, овци и сл.) кои по верскиот празник Курбан Бајрам биле расфрлани на повеќе локации по планината над Чекоштина во близина на сеата Орман и Лакочереј.
Ова е направено од несовесни граѓани, од кои дел се фатени на лице место, информира ЕД Грашница.
Постоеше голема опасност, поради топлото време проблемот да добие поголем епидемиолошки карактер, и да предизвика нарушување на балансот во животната средина на посочениот локалитет, велат од еколошкото друштво.
Договорено е деновиве да се изврши и целосно затрупување на одамна забранетата јама за таква намена а надлежните институции да изградат соодветна јама, бидејки постоечката е забранета за користење повеке од 20 години, посочуваат од ЕД Грашница.
Исто така ќе биде и извршено и отстранување на повеќе мали диви депонии, а ќе бидат поставени и неколку камери за следење на ситуацијата на терен со цел спречување на несовесни граѓани во вршење забранети дејствија велат од ЕД Грашница.
Г.М.