Учениците од ОУ „ Кочо Рацин“ добија бројни признанија за нивното учество во меѓународниот интернет проект Мост дружбе , во текот на месеците ноември и декември, организиран од Центарот за телекомуникации и информатички систем на образование од Рославска област Русија.

Под менторство на наставникот Виолета Петковска, ученикот Филип Ставраски доби сертификат за индивидуално учество, додека учениците Стефанија Алачкоска, Наталија Димоска, Андреј Јованчев,Теа Николоска,Тео Николоски, Анабела Стефаноска добија дипломи  на тема „ А у нас так говорат“ во рамки на возрасната категорија од 7 до 11 години  за учество како тим на мултимедиа проектот „ Културен поход“.

OhridNews