Изминатиот викенд се одржа второто издание на Peshtani Extreme Vertical – дводневен меѓународен спортски настан за љубителите на планинското трчање.

Со овие трки се опфатени најубавите делови на Галичица со најубави погледи по досега нови и неоткриени патеки. Целта преку ваквите настани е да се поттикнува спортскиот дух кај месното и поширокото население, како и да се промовира здрав начин на живот. Настанот поддржува промоција на спортскиот и планинскиот туризам и има за цел да го интегрира локалното население во своите активности и подготовки, велат организаторите.
Ова дводневно доживување беше овозможено од бројни поддржувачи кои се вклучија со донации или со волонтирање.
Севкупни победници на двете трки (вертикал и Бајраче треил) се:
Во женска конкуренција
1.Елена Ртоска
2.Сања Најдовски
3.Александра Танасоска
Во машка конкуренција
1.Златко Карчески
2.Златко Николов
3.Александар Милески.
OhridNews
















