Успешно заврши операцијата на малиот Кирил Митрески во Истанбул, Турција, која беше спроведена во текот на денешниот ден.
-Заврши операцијата, проф. д-р Мемет Озек е задоволен од постигнатото. Кирил сега ќе го префрлат на интезивна нега каде ќе биде најмалку 24 часа. Подетални информации утре. Ви благодариме уште еднаш што сте со нас во овие моменти, информираше денеска таткото Горан Митрески.
Трошоците за операцијата во целост ќе ги покрие Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Лекувањето се одвива во болницата „Аџи Бадем“ во Истанбул и според првичните најави ќе чини околу 45.000 евра.
Со цел да се помогне на малиот Кирил и да се соберат средства за неговото лекување, во текот на изминатите десетина дена во Охрид беа организирани низа хуманиратни настани и акции, а беа отворени и специјални телефони за донација. Средствата кои беа собрани ќе бидат искористени за покривање на трошоците кои ќе ги има семејството во понатамошното лекување, бидејќи ова е само првата фаза од борбата со тешката болест.
OhridNews