Уставниот суд ја стопира градежната експанзија во населбата Бејбунар каде беше предвидено да се изгради најголемиот станбено-деловен комплекс  во Охрид, вреден  околу 100 милиони евра, пренесува „Алфа“.

Како што пишува овој медиум, министерството за локална самоуправа го оспорило деталниот урбанистички план донесен во октомври 2008-ма година, бидејќи Советот на општина Охрид го донел без согласноста од Министерството за транспорт и врски, која прво била дадена, а после 15 дена повлечена на барање на Управата за заштита на културно наследство за привремена  двегодишна заштита на археолошкиот локалитет „Бејбунар“.

Исто така, пред Судот се појавила дилема за деталниот урбанистички план кој е опфатен со оспорената одлука, бидејќи на просторот за кој се однесува се наоѓаат извори на најквалитетна вода за пиење.

OhridNews