Уставниот суд оцени дека отстранувањето на новинарите од Собранието на 24-ти декември 2012 година било поради нивна заштита. Со ваквата одлука, судот ги одби двете барања за заштита на слободите и правата поднесени од шест новинари и од Здружението на новинари на Македонија.
Судот проценил дека физичкото отстранување на новинарите од галеријата настанало поради конкретна ситуација на ескалација на хаос и безредие, а целта била да се заштитат новинарите и да се обезбеди ред во салата.
Барањето на ЗНМ, судот го одбил од процедурални причини затоа што подносител може да биде само физичко лице.
OhridNews
извор: Макфакс