Со пет гласа „за“ и четири воздржани, Советот на Општина Вевчани го изгласа буџетот за 2024 година. Според проектираното, Буџетот на Вевчани за идната година тежи 60 милиони денари.

Реални приходи Општината има 11 милиони денари, а годинава за два милиони денари ни е намалено ДДВ-то од државата, информира градоначалникот Спасе Кочовски.

Буџетот, како што појасни, е предвиден за реални трошоци, додека реализацијата на предвидените проекти Општина Вевчани ја обезбедува преку аплицирање на јавни повици и меѓународни проекти.

OhridNews