Во отсуство на опозицијата, со исклучок на пратениците од ДПА, Собранието го усвои Буџетот за 2013 година.

За Буџетот гласаа 65 пратеници, додека 4 беа против.


По министерот за финансии Зоран Ставревски, единствено за предлог-буџетот говореше Беким Фазлиу.

Ставрески претставувајќи го буџетот пред пратениците истакна дека со него се предвидува ставка на раст од два отсто, кој ќе се базира на странските директни инвестиции и на капиталните инвестиции.

„Со буџетот се предвидува зголемување на пензиите и социјалните издатоци за пет отсто, како и субвенциите за земјоделците кои наредната година ќе изнесуваат 135 милиони евра“, рече меѓудругото Ставрески.

„Зошто не најдовте за сходно да одвоите средства за Слободната економска зона во Тетово. Четири години не се инвестира таму,. Ги земате парите и ги инвестирање во македонските села“, критикуваше Фазлиу.

Одлуката со аплауз беше поздравена од пратениците, а собранискиот спикер Трајко Вељаноски рече дека сето ова го прават во интерес на граѓаните.

Расходната страна на буџетот е проектирана на близу 2,7 милијарди евра, а буџетскиот дефицит се очекува да изнесува 3,5 отсто.