Владата усвои Декларацијата за слободни и фер избори, со која им препорачува на сите носители на јавни и државни функции, како и вработените во органите на државната управа да ги преземат сите неопходни законски мерки, како и политички и институционални чекори, за да го гарантираат неприкосновеното избирачко право на секој граѓанин и да обезбедат почитување на принципот на тајното гласањеза да може гласачите слободно да гласаат, без страв или заплашување.
Владата им препорача на сите носители на јавни и државни функции, како и вработените во органите на државната управа треба да обезбедат изборниот процес да се одвива непречено за да се избегне измама или друга незаконитост, и да ја одржат неговата безбедност и интегритет.
На денешната седница, владата ја разгледа и усвои Информацијата со предлог-мерки за унапредување на состојбата на македонскиот јазик. Предлог мерките опфаќаат 11 точки од особено значење за унапредувањето на состојбите на македонскиот јазик кои се однесуваат на основање на Фонд за поддршка на афирмирањето на македонскиот јазик на странските универзитети за отворање и одржување на лекторите по македонски јазик на странските универзитети во ЕУ. Овој фонд предвидува лекторатите да станат дел од Македонитичкиот центар на Ууниверзитетот „Свети Кирил и Методиј“, како и основање на уште еден фонд за поддршка на изработка на научни дела посветени на македонскиот јазик од сите области.
Владата го прифати предлогот на Генералниот секретаријат, сите идни менаџерски договори кои се однесуваат на уредување на односите и обврските на директорите на државните и јавните институции, претходно да бидат доставени до Владата на Република Македонија на запознавање, односно на одобрување, пред негово потпишување.
OhridNews