Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната 29-та седница, ја усвои Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одби предлогот на петте национални телевизии за мониторирање за време на изборите и на интернет порталите како што е наведено во Изборниот законик.

– Не дека Агенцијата ја избегнува обврската или дека нема стручни капацитети за вршење мониторинг, меѓутоа за да се врши мониторинг на спроведувањето на одредбите од изборниот законик кај електронските публикации неопходни се претходно соодветни законски измени“, рече директорот на АВМУ Зоран Трајчевски.

АВМУ информираше дека оценување на известувањето на медиумите ќе се врши според француски модел врз основа на квантитативни и квалитативни оцени. Квантитативниот дел предвидува медиумите за партиите од опозицијата да издвојат најмалку половина од времето кое ќе биде одвоено за партиите од власта и за носителите на јавни функции.

OhridNews