На денес одржаното продолжение на 57- та седница со мнозинство гласови беа усвоени програмите за работа на ЈП „Охридски Комуналец“ и ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за 2013 година. За предложените програми за работа на двете претпријатија не гласаа советниците од ВМРО- ДПМНЕ.

Како што најави директорот на ЈП „Охридски комуналец“, Сашо Алчев, согласно усвоената програма за работа, годинава ќе бидат воведени бројни квалитативни промени во сите делови од работењето на претпријатието. 


– Во континуитет го подигаме степенот на јавна чистота во градот. Набрзо ќе бидат поставени канти за отпад на територијата на цела општина и ќе бидеме прва општина во Македонија каде во вистинска смисла на зборот, канти за отпад ќе има насекаде, најави директорот Алчев.

Тој додаде дека годинава ќе се изградат поголем број паркови во Охрид, а истовремено ќе продолжи и реализацијата на проектот „Охрид- град на цвеќето“.

OhridNews