Женскиот ракометен првак Вардар го освои утешното трето место на завршниот турнир во Лигата на Шампиони победувајќи го Динамо со 28-26 (15-14) во малото финале.


„Црвено црните“ го преболеа поразот од Будуќност во полуфиналето и одиграа изедначен натпревар со ривалките од Русија.

Дури во финишот ракометарките на Вардар успеаја да се одлепат и да го одбранат третото место освоено минатата година во Лигата на Шампиони.

Во големото финале од овогодинешното издание на Ф4 ќе се сретнат норвешки Ларвик и Будуќност.

Мх.П.