Со пригодна програма во организација на Општина Охрид, ОМУ „Методи Патче“ и НУ Завод и Музеј Охрид утре ќе биде одбележан јубилејот 150 години од раѓањето на македонскиот војвода Методи Патче.

Активностите во рамки на програмата започнуваат во 10:30 часот за кога е предвидено положување цвеќе пред спомен бистата на Патче во градскиот парк. Во 11:00 часот во спомен-куќата на Христо Узунов ќе се одржи свечената академија по повод јубилејот.

Во рамки на културно-уметничката програма ќе настапи женскиот хор „Acordis“, по што ќе следи драмска изведба на адаптирани историски факти: „Гласот на револуцијата“ од м-р. Михаил Патчев во изведба на ученици од ОУ „Ванчо Николески“, а предвиден е настап и на учениците од ОМУ „Методи Патче“.

OhridNews