Под покровителство на Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, утре во црквата „Св. Софија“ во Охрид, ќе се одржи свеченото одбележување на 90-годишнината од основањето на ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид.
Основан во 1935 година, Заводот претставува најстарата научно-истражувачка установа од областа на лимнологијата во земјава.
Главната преокупација е лимнологијата на природните езера на Република Македонија (Охридското, Преспанското и Дојранското), со особена нагласеност на Охридското Езеро – најстарото езеро во Европа и најголемото и најдлабоко во Македонија.
Девет децении активно придонесува во проучувањето и заштитата на Охридското Езеро и природните ресурси, со што се вбројува меѓу најзначајните научни институции во регионот.
OhridNews