ЈП Охридски Комуналец продолжува со акциите за собирање на текстилен отпад во соработка со „Училиштата без пластика“ кои ќе се спроведуваат секој последен петок од месецот.
Утре граѓаните имаат можност уредно да ја одложат старата облека во контејнерите на Тексомак коишто се поставени до влезот од Охридски Комуналец-Механизација, дворовите на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, ОУ „Григор Прличев“, ОУ „Ванчо Николески“, ОУ „Св. Наум Охридски“.
Одлагањето во дворовите на основните и средните училишта ќе биде возможно во рамките на работното време. Не се одлагаат стари обувки, чанти, итн. Ги замолуваме граѓаните коишто имаат потреба од облека да нѐ контактираат на зелениот телефон, велат од претпријатието.
Приведен е 44-годишен охриѓанец по сообраќајна незгода на улицата „15 Корпус“ Медицинските извори предупредуваат дека при ваква концентрација се сериозно нарушени расудувањето, координацијата и буд...
Рано утрово во 05:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 31-годишен охриѓанец, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка По ...
Обврската важи до 15 март 2027 година, независно од времето Дозволени се и летни гуми, но само со пропишана длабочина на шарите и соодветни синџири, додека за возилата со погон 4×4 важат посебни пр...