Утре Ден на жалост на територијата на Општина Охрид
27.11.24 12:54
Советот на Општина Охрид на денешната вонредна седница свикана по повод смртта на Владиката Тимотеј, утре 28 ноември, го прогласи за Ден на жалост на територијата на Општина Охрид.
Претходно, советниците и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со едноминутно молчење му оддадоа почит на Владиката Тимотеј.
Согласно донесената одлука утре се откажуваат сите културни настани и манифестации на територијата на општината.
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква на вчерашната вонредна седница одлучи Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј да биде погребан во четврток, 28 ноевмри, на Плаошник. Претходно, со почеток во 9 часот во храмот „Св. Софија“ ќе бидат одржани заупокоената Света Литургија и Опелото. На Светата Литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни Православни Цркви.
Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир
Владиката Тимотеј почина по кратко боледување на 25 ноември на 73 годишна возраст.
Друштвото на писателите на Македонија неодамна го прошири своето членство со шест авторки и автори Меѓу новите челнови на ДПМ се и Марина Икономова Шокева и Енис Хилми од Охрид Покрај нив на послед...
Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски со уште една „Импровокација“ Септемвриското издание ...
ЈП „Охридски Комуналец“ расчисти повеќе диви депонии во УЗ8 „Билјанини Извори“ во Охрид Од локациите, како што информираат, подигнати се околу 16 кубни метри кабаст и зелен отпад Неодговорното одне...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.