Утре ќе се спроведува теристичка (од земја) дезинсекција против комарци на подрачјето на Општина Дебрца.  Запрашувањето ќе се врши во  период од  21.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување .

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во  Општината, подрачјето на река  Сатеска, локалитетите со застојни  водени површини, урбани населби и локалитети предвидени  во планот и програмата.

Поради ова од Центарот за јавно здравје ги известуваат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат  соодветните мерки за заштита на на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен ден.