Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утре, претпладне се очекуваат врнежи од дожд, а на планините од снег. Во попладневните часови врнежите ќе престануваат и ќе ги има само во јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали. Минималната температура во Охрид ќе биде 3 степени,а максималната 7.

Во петок и во текот на викендот ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието.

Минималната температура во Охрид ќе биде од -2 до 2, а максималната од 6 до 10 степени.

OhridNews