Во рамките од подготвителниот период, утре (сабота), на терените на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ место два натпревари како што беше најавено ќе се одигра еден.

Охридските сино бели во новиот контролен натпревар силите ќе ги одмерат со Велазерими во Кичево. За „рибарите“ ова ќе биде шеста тест средба. На претходните пет забележа една победа, два пати ремизираше и два пати изгуби.

Составот на Лабуништа ги продолжува подготовките на релација Охрид-Струга. Избраниците на Пепи Џигероски во Охрид ќе се сретнат со тимот на Питу Гули, кој  се натпреварува во Втората МФЛ-исток. Дуелот со второлигашот од истокот ќе биде нова шанса за Лабуништа да ја крене формата пред почетокот на пролетната полусезона.

Охрид дуелот со Велазерими го игра во 13 часот, додека Лабуништа точно на пладне ќе се судри со Питу Гули.

OhridNews